logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Наставникот кој физички нападна ученик во ОУ во Бутел оди на дисциплинска комисија

Vecer | 23.10.2021

Наставникот кој физички нападна ученик во ОУ во Бутел оди на дисциплинска комисија

Наставник по англиски јазик пред цело одделение во училница физички малтретира ученик во основното училиште „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел 2. Овој случај е пријавен во полицијата.

Во видеото кое е објавено на социјалната мрежа „ТикТок“ се гледа како возрасен човек тепа дете во училница. Прво му удира две шлаканици по лицето, на двата образи, одеднаш, а потоа го зграпчува и го крева во воздух и го спушта на земја.

Директорката на училиштето за „Слободен печат“, на линкот може да го видите и видеото, потврди дека случајот го пријавила во полиција. Наставникот повеќе години предавал во тоа училиште.

- Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик, изјави директорката.

По инцидентот се огласи и пратеникот и идниот градоначалник на Општина Бутел Дарко Костовски, кој  вели дека малтретирање и изживување со децата не само што не е дозволиво, туку и треба најстрого да биде казнето.

-Најостро го осудувам настанот со тепањето на ученик од ОУ Панајот Гиновски кое се наоѓа во населбата Бутел 2. Видеото кое излезе на социјалните мрежи покажува како не смее да постапува еден наставник. Наставникот не само што го тепа детето, туку со ваквиот чин нанесува тешка траума на ученикот. Директорката на училиштето и МОН да преземат активности и покренат постапка за отказ на наставникот, а МВР и ЈО да отворат кривична постапка согласно чл.130 и чл. 143 од КЗ, вели Костовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk