logo
logo
logo

НАСТАВНИЦИТЕ НАЈАВИЈА ШТРАЈК! Еве ги барањата

Vecer | 27.05.2021

НАСТАВНИЦИТЕ НАЈАВИЈА ШТРАЈК! Еве ги барањата

Неисплаќање на дополнителни средства за зголемен обем на работа на работниците во основното образование е можна причина одреден број на основни училишта во државата да стапат во штрајк. Претседателот на СОНК Јоаким Неделков  на денешната прес-конференција истакна дека, за жал, институциите на системот не го препознаа зголемениот обем на работа на наставниците во време на пандемија и игнорантски се однесуват кон нив и потребата за исплаќања на овој додаток на плата.

– Во Куманово едно училиште има донесено одлука, директорот е информиран писмено за донесената одлука. Веројатно, денеска или утре и другите училишта во Куманово и кумановско ќе донесат таква одлука. И во другите училишта ширум Македонија ќе постапат согласно нашите препораки и примерот од Куманово. Се работи за околу 50 училишта на национално ниво, тоа не значи дека се 50 општини, туку во една општина има повеќе училишта. Ова е лош пример на функционирање на правен систем, на правна држава, рече Неделков.

Тој апелираше до сите локални самоуправи, училишта и МОН да најдат што побрзо решение за настанатиот проблем, во спротивно учебната година во голем дел на училишта нема да заврши.

– Се до исплаќање на овие средства нема да се изготвува педагошка документација, сведителства итн. Тоа што им следува на наставните што го работеле прекувремено ќе мора да го добијат. На таков начин ќе биде задоволена правдата, изјави Неделков.

Воедно тој обајсни дека во период на пандемија се донесе нов план за реализација на наставата во основните и средните училишта по протоколи за заштита на работниците. Согласно протоколите и планот на работа сите паралелки кои броеја поголем број на ученици се делеа на две групи, односно работа група (паралелка) не може да биде поголема од 15 ученици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk