logo
logo
logo

Наспроти изјавите на Ахмети, Меџити не се откажува од интерпелацијата на Артан Груби

Vecer | 28.02.2021

Наспроти изјавите на Ахмети, Меџити не се откажува од интерпелацијата на Артан Груби

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити, вели дека нема да се откаже од интерпелација против првиот вицепремиер и негов сопартиец, Артан Груби, објавува Ал сат ТВ.

Тој се враќа во Собранието, но опцијата за интерпелацијата најавена против вицепремиерот за политички систем, Артан Груби, останува. Меџити вели дека неговиот пристап кон Собранието ќе биде конструктивен и критичен.

-Ќе продолжам во парламентот да ги поддржувам и да ги критикувам таму каде што грешат. Опцијата за интерпелација останува, изјави Меџити за Алсат М.

Ваквата изјава на Меџити доаѓа по вчерашниот состанок на Централното претседателство на ДУИ по кој лидерот Али Ахмети порача дека се разјаснети сите разлики и дека партијата е обединета.

-Објаснети се сите разлики, не остана ништо без да се објасни до последен атом затоа што пред нас има важни обврски, доаѓаат локалните избори и пописот и сакаме да бидеме дел од придонесот,
рече Ахмети.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk