logo
logo
logo

Наследникот на Заев ЌЕ СЕ ИЗБИРА НА 12 ДЕКЕМВРИ?

Vecer | 26.11.2021

Наследникот на Заев ЌЕ СЕ ИЗБИРА НА 12 ДЕКЕМВРИ?

Новиот лидер на СДСМ најверојатно ќе се избира на 12 декември. Одлуката била донесена на вечерашниот Извршен одбор, и истата треба да се најде пред Централниот на гласање.

ТВ24 објави дека ова доаѓа откако по нешто помалку од 3 часа жестока дебата Зоран Заев останал н ставот дека се повлекува.

Пред состанокот  Мухамед Зекири изјави дека ќе се расправа за актуелната политичка состојбаи до каде се разговорите со потенцијалните нови коалициски партнери.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов пред почетокот на седницата на ЦО на партијата изјави дека нема да се расправа за оставката на премиерот Зоран Заев, туку, како што рече, треба да разгледаат неколку сериозни позиции кои се однесуваат на формирањето на политичкото мнозинство, влезот на Алтернатива во Владата.

Додека пак, Сања Лукаревска изјави дека седниците се на барање на Заев и на истите секако дека ќе се разговара меѓу другото и за неговата оставка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk