Нова клиничка болница за 200.000 жители од регионот

Наскоро почнува втората фаза за изградба на новата Клиничка болница во Штип

Наскоро ќе биде избран најповолен понудувач за изградба на новата Клиничка болница во Штип која треба да започне во јуни или јули годинава и треба да дава услуги на повеќе од 200 илјади жители од овој регион, најави премиерот Никола Груевски од денешниот народен собир што се одржа во Штип.

- Денеска сакам да информирам дека се комплетираа процедурите и веќе за 20 дена ќе биде распишана втората фаза преку која ќе биде избран најповолен понудувач за изградба на болницата што се очекува да започне веќе во јуни или јули оваа година. Целиот источен регион ќе добие нова кличинка болница која ќе се простира на 30.000 метри квадратни. Нова клиничка болница во вредност од 34 милиони евра. Проект кој се однесува на повеќе од 200.000 жители од сите општини на овој регион, истакна Груевски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари