„Нашето име е Македонија“ – порачаа учесниците на протестот во Канада

Пред парламентот на Онтарио се одржа мирен протестен собир ,,Нашето име е Македнија“, организиран од македонско-канадската заедница за поддршка на Македонија и ставање крај на „антимакедонските преговори за името“.

Протестот обоен во црвено-жолтатата боја, започна со интонирање на националните химни на Канада и Македонија, а продожи со молитва од страна на присутните свештеници во македонските православни цркви во Канада. ,,Денес ние Македонците од Торонто и од други градови им се придружуваме на нашите браќа и сестри во Македонија, САД, Австралија и Европа, барајќи итен прекин на преговорите за името со Грција. Наметнатите антимакедонски преговори за името го загрозуваат опстанокот на Македонија и ги нарушуваат сите меѓународни конвенции и конвенциите на Обединетите нации за човекови права, на кои и Канада е потписник. Ја повикуваме меѓународната заедница да ги поддржи нашите основни права на самоопределување и самоидентификација. Исто така, сакаме да ја дадеме нашата целосна поддршка на претседателот Георге Иванов за вето на неуставниот закон за јазиците“, е пораката испратена на протестот.

Претседател на Светскиот македонски конгрес – Канада, Боне-Боби Темелков, кој е еден од организаторите на овој протест, ја презентираше Декларацијата за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на македонската нација.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари