Наш и противник на граѓаните се СДСМ и Зоран Заев, "Кацарска" судството кога тогаш ќе заврши (ВИДЕО)

Преседан е одлуката на Кривичниот совет да ја одбие жалбата на Груевски. Со тоа уште еднаш се потврди дека судството е целосно партизирано и дека работи под стегите на Владата, а поранешниот премиер е жртва на хајка и политички прогон, рече актуелниот претседатл на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Алфа.

Говорејќи, како што вели за политичкиот прогон кој го спроведува актуелната власт, поточно за политичкиот процес против екс премиерот Никола Груевски, посочи дека ќе дојде времето кога ќе заврши таканареченото „Кацарска судството".

Мицкоски ја спомена судијката Добрила Кацарска која го водеше предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ,,Тенк" во кој е обвинет почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, токму за неа Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека го дискриминирала екс премиерот Никола Груевски.

„Судството не само што не се реформира и не иде напред туку дополнително се влошува состојбата. Но морам да кажам дека Кацарска судството кога тогаш ќе заврши и ќе дојде вистински судство со вистински судии кои што ќе судат непристрасно и ќе бидат ослободени од стегите на политичарите", рече Мицкоски.

Во врска со писмата на Сашо Мијалков, Мицковски рече дека за него „единствен политички противник е криминалната влада предвоена од аболираниот премиер Заев.

- Останатите можат да лиферуваат лажни информации, да белфираат и шпекулираат, но јас ќе продолжам, да работам. Ианку, сите претседатели на ВМРО-ДПМНЕ се времени. И јас исто така. По мене ќе дојде некој друг, но прашањето е колку некој ќе биде на претседателската функција, а тоа најногу ќе зависи од граѓаните, не од една, две или три личности. Ако зборуваме дали некој може да ме загрози или не, таа опција е секогаш отворена. Но, за тоа треба да одлучуваат органите на партијата. Јас сум можеби првиот што побарал доверба од Централниот комитет и добив стопроцентна поддршка. Тоа прашање во овој момент за мене е затворена книга и не би ја коментирал повторно, истакна Мицкоски.

За Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Хелсинки на кој, покрај делегацијата што ја предводеше Мицкоски беа и разрешените членови на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, Петар Богојевски и Емилија Александрова, партискиот лидер рече дека делегацијата што ја предводел тој била официјалната, а другите биле само гости.

Мицкоски, како што рече, седум дена пред настанот во Хелсинки знаел дека во Македонија се подготвува медиумска хајка од еден центар – Владата на РМ.

- Знаев дека Канцеларијата на еден од министрите ќе се обиде да создаде лажна перцепција за некаква поделеност, за две делегации. Но, вистината е многу јасна. ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на ЕПП беше претставена од една официјална делегација со четири делегати кои учествуваа во работниот дел на Конгресот. Вреди да се спомне дека имаше околу 2.000 гости и меѓу тие, претпоставувам, се најдоа и спомнатите тројца. Јас имав жолт беџ, делегатите зелен, а гостите црвена, но тоа се формалности, рече Мицкоски.

Дополни и дека македонската јавност била сведок на приемот на официјалната делегација на ВМРО-ДПМНЕ, како и на конгресниот дел и на Самитот.

- Јас седев до претставникот на Украина. Можам да кажам дека не само што не бев изолиран, туку бев рамноправен учесник и соговорник со сите на масата, напомена лидерот на партијата.

На прашањето како ги коментира квалификациите на опозицијата дека е антизападно ориентиран, Мицкоски потенцира дека станува збор за небулози. Немам никаква дилема околу индината на Македонија, подвлече Мицкоски, иднината на Македонија се ЕУ и НАТО.

- Додека јас го стекнував образованието низ Западна Европа, Заев се уште занимаваше со „евро за ова-евро за она". Не само што не сум антизападен, туку апсолутно верувам во западните вредности и ја гледам Македонија како дел од европското семејство и НАТО, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на ТВ Алфа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари