logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„НАРОДОТ ИЗБРА ИДНИНА, изборите покажаа дека ЗАЕВ Е НАЈЛОШОТО“

Vecer | 18.10.2021

„НАРОДОТ ИЗБРА ИДНИНА, изборите покажаа дека ЗАЕВ Е НАЈЛОШОТО“

Народот на Македонија победи, ја победи неработата, безидејноста и неспособноста на СДСМ. Победија мажите и жените, младите и старите. Победи Македонија. Победи желбата за подобро утре, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму потенцираат дека се роди нова надеж, надеж за промени, за нова иднина. Народот масовно гласаше против поделбите. Народот избра заедничка иднина.

- Победа е првиот голем чекор до просперитетна Македонија. Ова е победа на народот и ние нема да го изневериме народот. Уште од првиот ден како градоначалници и советници луѓето од ВМРО-ДПМНЕ изберени на тие функции целосно ќе се посветат на решавање на проблемите на луѓето, истакнуваат тие.

Во соопштението се додава дека финалната победа доаѓа по вториот круг.

За да се заокружи процесот. Излезете и гласајте масовно за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Промените веќе никој не може да ги запре.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk