logo
logo
logo

Мицкоски:

Народот е понижен, покраден и разочаран, затоа НЕ верува во политичарите, НЕ сме сите ИСТИ

Vecer | 20.09.2021

Народот е понижен, покраден и разочаран, затоа НЕ верува во политичарите, НЕ сме сите ИСТИ

Народот точно знае дека е понижен, покраден, омаловажен и народот е комплетно е разочаран од тоа што се случува и не верува во институциите кои ги предводи оваа влада, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ дуелот на „Само вистина“ на Канал 5.

Мицкоски посочи дека токму поради погрешните политики на СДСМ и Зоран Заев како и лагите како таа од авион кога се сликаа дека сме добиле датум, повеќе не веруваат во политичари и е во апатија, нешто што мора да се промени после 17 октомври падот на оваа власт бидејќи не се сите исти.

- Се сликаа од авион дека преговараме со ЕУ. Заев викаше дека ги решивме сите проблеми со соседите. Истиот тој претходно се колнеше во жицата и викаше дека нема да го прави тоа што го направи. Сега пак вели дека треба да преговараме Што треба да преговараме, до кога ќе преговараме? Нели имаме договор со Бугарија и дека сите проблеми со соседите се решени? Првиот во владата пред 3 години се сликаше во авион и рече декка почнавме преговори и дека сите проблеми со соседите се решени. Тврдам дека не е така. Усложнети се проблемите поради егзибициите на оваа влада и лошата домат меѓународна политика, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски рече дека после падот на оваа власт ќе мора да ги градиме институциите од почеток.

- Има луѓе кои ја сакаат државата и сакаат да оди напред и луѓе кои работат само за своите лични интереси, а спротивно на интересите на граѓаните и државата, нагласи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk