logo
logo
logo

Народниот правобранител ги повика властите да ги почитуваат правата на мигрантите

Vecer | 20.06.2021

Народниот правобранител ги повика властите да ги почитуваат правата на мигрантите


Народниот правобранител по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, се приклучува кон апелот на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации за потребата од поголема инклузивност на оваа категорија лица, особено во областите здравство, образование и спорт.

„ Народниот правобранител како Национална институција за човекови права постојано го следи постапувањето со мигрантите и бегалците на територијата на Република Северна Македонија и во повеќе наврати укажува на предизвиците со кои се соочуваат овие лица во пристапот до здравствените услуги и образованието за нивните деца. Глобалната пандемија со Ковид-19 уште еднаш ни покажа дека никој не може сам и дека е неопходно да бидеме заедно во решавање на сите потешкотии што ни ги носи денешницата“ се наведува во апелот.

Имајќи предвид дека инклузивноста е еден од клучните столбови на кои се потпира принципот на солидарност, а на чија идеја почива и самата Конвенција на Обединетите Нации за статусот на бегалците, Народниот правобранител по повод овогодинешниот Ден на бегалците упатува препорака до властите за целосно почитување на правата на овие лица и креирање политики што ќе придонесат за целосно интегрирање во заедницата, зачувувајќи го нивното достоинство и враќајќи им го чувството на безбедност и сигурност.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk