logo
logo
logo

Љупчо Пренџов

„НАРКОБОСОВИТЕ НА СЛОБОДА, а обичните граѓани затворени дека оделе без маска“

Vecer | 26.03.2021

„НАРКОБОСОВИТЕ НА СЛОБОДА, а обичните граѓани затворени дека оделе без маска“

Пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов реагира на изјавата на обвинителката Вилма Русковска дека некој ги известил нарко босовите од Грчец за да може да избегаат.

Тој вели дека додека обичните граѓани се во затвор за ќебапи, или дека шетале без маски, нарко босовите се слободни, а слободни се и тие кои запалија над 300 автомобили во Скопје.

„Обичниот граѓанин “лежи” во затвор за украдени ќебапчиња. Обичниот граѓанин се апси, и се носи во полициска станица затоа што шетал без маска. Обичниот граѓанин се апси и се затвора затоа што го критикувал јавно Премиерот....

АМА наркобосовите се слободни, тие им ги пробиваат акциите на “моќните” МВР и Јавно Обвинителство. Слободни се и оние кои запалија повеќе од 300 автомобили само во Скопје за нецели 4 години, ниту еден немаат пронајдено.

Одговорност нема! И, нема да има. Така се обидуваат да не “истренираат”, тоа да ни стане нормално. Многу се лажете господа, ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА и тоа за многу скоро.“ напиша Преџов на ФБ

Обичниот граѓанин “лежи” во затвор за украдени ќебапчиња.

Обичниот граѓанин се апси, и се носи во полициска станица...

Posted by Љупчо Пренџов / Ljupco Prendjov on Friday, March 26, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk