logo
logo
logo

Мицкоски: НАПРАВИЈА ЦИРКУС ОД ДРЖАВАТА (видео)

Vecer | 23.02.2021

Мицкоски: НАПРАВИЈА ЦИРКУС ОД ДРЖАВАТА (видео)

Ова е веќе циркус , направија циркус од државата. Заев доста е. Доста е со навреди на интелигенцијата на народот, човекот ве гледа во очи и ве лаже мака нема. Си играат мајтап, додека мафијата царува. Денеска стана совршено јасно на секој граѓанин во Македонија дека имаат договор, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција, откако денеска екс директорот на УБК, Сашо Мијалков се појави во обвинителството, а премиерот Зоран Заев даде изјава дека системот функционира.

- Прво се договорија да избега, па се договорија да се врати, со посебен третман, со насмевка, со шамар за полицијата, судот, Обвинителството, со шамар за власта, вечерва недостасуваше уште да му се извинат, бидејќи тој им се извини на ним. Тој е најдобра потврда дека постои криминална коалиција Зоран-Вице и Сашо, рече Мицкоски.

Тој вели дека домашниот есап, на пазар не излегува, а само жестока јавна реакција спречи целосно фијаско и бегство.

- Тешка хаварија, за само неколку десетици часови, го упропастија системот и по кој знае кој пат, поплукаа во правдата. Дека се е договорено и дека нема логика тоа што го тврди Зоран Заев дека наводно жестоко го притиснал и вратил бегалецот од правдата говорат следните факти

- Доброволно тој се прошета пред камерата на провладина телевизија, со прашање на новинарот кој сосема случајно се најде таму... ооо господине па вие сте овде...Полиција нема ама камера има, каква сапуница. Наместо во суд, упат за куќен притвор доби во Обвинителството.

- Бегалецот од правдата доби куќен притвор, наместо ефективен притвор, а Вилма рече дека истрага за бегство нема да има. Апсолутно се е јасно. И двајцата рекоа дека имале температура, можеби тие двајцата имаат, но народот нема, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека народот добро знае што се случува и правда, конечна правда, ќе има.

- Ве гледам во очи и ви кажувам ќе има кога двајцата ќе бидат таму каде што заслужуваат, во затвор. Сето ова што денеска се трудеше Зоран Заев да го каже и докаже пред македонската јавност и македонските граѓани дека институциите функционираат, излегува дека навистина часописот Економист бил во право кога велел дека владее хибриден режим, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека кога Заев велеше дека ја ослободиле Македонија од режим лажеше и ја гледаше македонската јавност во очи.

- Кога заедно ќе прошетаме еве од владата до Триумфалната капија во центарот на градот и ќе го погледаме заедно бројчаникот каде што ветуваше дека ќе стоеле милијарди украдени пари, а тој им стана ортак. Сите плаќаме прескапа карта за циркусот кој ни го сервираат, затоа што си играат со нашите судбини. Затоа наша заедничка обврска е на сето ова да му ставиме крај и уште пожестоко да работиме овој хибриден режим да го собориме. И набргу ќе го собориме, рече Мицкоски.

Тој на крај заклучи дека владата, владата ваква кава што е се клати и виси на конец и доаѓа крајот.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=IvLe0pJVwkQ&feature=youtu.be[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk