logo
logo
logo

Нападнати луѓе во Штип, Пехчево, Карпош, Гази Баба

Vecer | 09.12.2025

Нападнати луѓе во Штип, Пехчево, Карпош, Гази Баба

Полицијата извести за неколку случаи на нападнати луѓе во последниве два дена.

Во Штип вчера околу 18 часот кај Градскиот пазар, штипјанецот Д.Ј.(43) бил физички нападнат од две лица.

Во Пехчево ноќеска околу 1 часот, М.Ч. (21) од с. Чифлик, Пехчевско, бил нападнат од Ј.К.(18) од с. Робово, Пехчевско, потоа еден 17-годишник од Берово и уште две лица.

Вчера претпладне, пак, М.Ј. (34) од Скопје во полиција пријавил дека околу 10:45 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, комбе со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Х.(44) од Скопје, го удрило со ретровизорот во раката, а потоа В.Х. излегол од возилото и физички го нападнал.

И.С. (65) од Скопје пријавил дека вчера околу 11 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, бил физички нападнат од А.А. (18) од Скопје.

Полицијата работи на расчистување на случаите.

The post Нападнати луѓе во Штип, Пехчево, Карпош, Гази Баба appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk