logo
logo
logo

Син на почината жена НАПАДНАЛ ВАРБОТЕНА во гостиварската болница

Vecer | 09.03.2021

Син на почината жена НАПАДНАЛ ВАРБОТЕНА во гостиварската болница

Син на почината жена во гостиварската болница физички нападнал вработена од болницата, а потоа оштетил дел од инвентарот.

Како што беше соопштено во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, вчера околу 15:00 часот за укажување на лекарска помош била примена И.Р.(78) од гостиварско Сенокосе, која за кратко време починала на Интерното одделение.

Од МВР велат дека според пријавеното, набргу потоа, нејзиниот син Б.Р.(51) физички нападнал вработена во ова одделение, а оштетил и дел од инвентарот.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk