Во текот на вчерашниот ден во 14 часот во СВР Тетово, А.Р.(38) тетовско Синичане пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 350 евра.

Според пријавеното, тие се договориле со лицето, вработено во авто школа да му помогне при полагање на возачки испит, но договореното не било завршено, по што таа не му се јавувала на телефонските повици и сфатил дека бил измамен.

Се работи на расчистување на случајот.