Намалувањето на роамингот со Бугарија стартува на пролет

Премиерот Зоран Заев, по средбата со шефот на бугарската држава, Румен Радев, истакна дека Договорот за добрососедство веќе дава убави и позитивни резултати.

„Потпишани се многу договори. Очекуваме во март-април да паднат цените во роамингот помеѓу двете земји. Ги користиме лабораториите на Бугарија, споделуваме искуства и во министерствата за одбрана со свои обуки и центри кои што ги даваат на нашата армија и на полицијата. Но, она што е најзначајно е што обемот на трговијата веќе е зголемен за десет до 12 проценти. Имаме заеднички музички групи, заеднички театарски претстави", изјави премиерот Зоран Заев.

Поврзани

Најнови вести

Коментари