logo
logo
logo

Највисока е излезноста во Новаци, Лозово, Вевчани..., најниска во Центар Жупа, Маврово Ростуше, Липково...

Vecer | 17.10.2021

Највисока е излезноста во Новаци, Лозово, Вевчани..., најниска во Центар Жупа, Маврово Ростуше, Липково...

До 17 часот правото на глас го искористиле 41,39 отсто, а според обработени 72,42 отсто од гласачите, до тогаш гласале 547.048 граѓани од вкупно 1.824.864 граѓани колку што има во Избирачкиот список. Највисока излезност, како и во текот на целиот ден имаше во Новаци, а Центар Жупа е на дното со 23,11 проценти.

Според податоците на ДИК, највисока е излезноста во општина Новаци – 69,76%, а над 60 проценти е излезноста и во Лозово со 64,13%, Вевчани 64,27%, Демир Хисар 60,55%, Крушево 60,67%, Македонски Брод 60,10%, Дојран 62,42,% и Конче 61,91%.

Над 50 отсто излезност во 17 часот имало во Крива Паланка 59,15%, Карбинци 58,17%, Дебрца 53,29%, Пробиштип 55,23%, Ранковце 55,22%, Пехчево 55,31%, Кратово 52,15%, Кривогаштани 57,99%, Неготино 57,77%, Градско 54,54%, Свети Николе 52,78%, Росоман 56,75%, Чашка 54,69%, Прилеп 52,85%, Кавадарци 52,24%, Гевгелија 53,01%, Валандово 52,37%, Делчево 51,07%, Старо Нагоричане 51,08%, Зелениково 52,74%, Илинден 50,98% и Чешиново-Облешево 52,79%.

Најниска е излезноста во Студеничани 34,08%, Сарај 32,29%, Липково 28,28%, Тетово 33,69%, Боговиње 30,04%, Врапчиште 29,70%, Гостивар 32,51%, Маврово Ростуше 27,82%, Центар Жупа 23,11%, Пласница 30,62%.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk