Делчево

Најстариот ороводец дедо Митко доби спомен-соба

В четврток и официјално за посетителите ќе се отвори спомен-собата на дедо Митко, еден од најстарите ороводци во Македонија, легендата на орото "Копачка"

Со своите над 90 години тој беше ороводец на "Копачката" на ЗФГ "КОПАЧКА" село Драмче, Делчево, во која членовите се на возраст од над 60-ина година.

Спомен-собата во негова чест е субвенционирана од Министерството за култура предвидено во Годишната програма за 2014, од ЗФГ "Копачка" с. Драмче, Делчево и од градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански. Отварањето на спомен-собата ќе биде в четврток, а локацијата е неговиот постојан дом до неговото заминување во вечното почивалиште во Горно Белчанци, с. Драмче.

На отворањето ќе се одржи изведба на орото "Копачка" од ЗФГ "КОПАЧКА" и ќе се зборува за делото на дедо Митко. На настанот ќе присуствуваат и претставници од Министерството за култура.

Поврзани

Најнови вести

Коментари