Најнова временска прогноза: По снежниот ДАВИД следуваат поларни температури

До крајот на денов врнежи од снег од локален карактер ќе има во западните и во југозападните предели. додека на скијачките центри Попова Шапка и Маврово веќе снегот достигнува и до еден метар.

Потоа за време на викендот кој следува ќе имаме претежно стабилно и суво време но ќе биде многу студено, минималните температури понекаде повторно ќе се спуштат и под -15 степени додека максималните на повеќе места ќе бидатг околу па и под нулата.

Под влијание на нов влажен бран во понеделник ќе имаме нови врнежи од снег со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет со што ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка, сепак накратно на некои од пониските места ќе има услови за врнежи од дожд и снег или влажен снег.

Во вторник пак ќе дува засилен, ПОВРЕМЕНО силен ветер од северен правец а многу ниските температури ќе продолжат и следната недела.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани

Најнови вести

Коментари