logo
logo
logo

Најмногу снег во Маврово, сообраќајот се одвива во зимски услови

Vecer | 22.03.2021

Најмногу снег во Маврово, сообраќајот се одвива во зимски услови

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Укинати се забраните за сообраќај на камиони на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Пресека крак Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка и на патниот правец Струга – Ќафасан.

Според информациите, во 16 часот најмногу снег имало во Маврови Анови (41 сантиметар), Ѓуриште (38), Пожаране (32), Попова Шапка (30), Лазарополе (26), Тополчани (23), Претор (16), Битола (14), Тетово (8), Берово (8), Прилеп (7) и Штип (6).

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk