logo
logo
logo

Брнабиќ

Најголем капитален проект во Србија ќе биде железничкиот дел од Коридорот 10 до Македонија

Vecer | 24.07.2021

Најголем капитален проект во Србија ќе биде железничкиот дел од Коридорот 10 до Македонија

Брнабиќ изјави дека најголем капитален проект во Србија ќе биде железничкиот дел од Коридорот 10 кој ќе се гради со партнерите од ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Тој воедно ќе биде и најголемиот инфраструктурен проект на Европската Унија во овој дел на Европа. Тука преку Инвестицискиот фонд за Западен Балкан само за делницата од Белград до Ниш ќе добиеме 600 или 700 милиони евра неповратни средства што се подарени пари, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека во моментов се прави проценка на вредноста на железничкиот коридор 10 на делот од Ниш и Брестовац до Прешево и Македонија, потенцирајќи дека ова ќе биде најголем инфраструктурен проект во наредниот период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk