logo
logo
logo

Најдобар пасош е јапонскиот, МАКЕДОНСКИОТ НА 43 МЕСТО

Vecer | 19.04.2021

Најдобар пасош е јапонскиот, МАКЕДОНСКИОТ НА 43 МЕСТО

Највредниот пасош во светот е јапонскиот, чии граѓани можат да влезат со него во 193 земји без виза, по што следат Сингапур (192), јужнокорејскиот и германскиот (по 191), а со италијанскиот, финскиот, шпанскиот и луксембургшкиот може да се влезе во 190 земји.

Организацијата што се занимава со проценка на пасошите, „The Henley Passport Index“, на својата веб-страница ја објави најновата листа на моментално највредните пасоши во светот, чии граѓани имаат најмногу поволности кога патуваат на глобално ниво.

Македонскиот пасош е 43-ти највреден во светот и со тоа е на четвртото место меѓу земјите од регионот, зад словенечкиот (11-ти во светот), хрватскиот (16-ти) и српскиот (36-ти)

Со македонскиот пасош се има можност да влезе во 126 земји без виза.

Од земјите во регионот, на 44-то место е црногорскиот пасош, а косовскиот е на 101-то место.

Американскиот пасош е на седмото место, заедно со уште четири други земји, а Американците можат да влезат во 187 земји низ целиот свет.

Руските граѓани можат да влезат во 118 земја без виза, а нивниот пасош е на 48. место, а најслабо рангиран е авганистанскиот, со слободен влез во 26 земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk