logo
logo
logo

Најавуваа мораториум за градби, а во една година издадени се 34,7 отсто повеќе одобренија за градба!?

Vecer | 16.06.2021

Најавуваа мораториум за градби, а во една година издадени се 34,7 отсто повеќе одобренија за градба!?

Двесте триесет и три одобренија за градба се издадени во април годинава со кои е предвидена изградба на 233 објекти со предвидена вредност од 3.449.894 илјади денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика во април 2021 година се издадени  за 34,7 отсто повеќе одобренија за градба во однос на истиот месец од претходната година, а предвидената вредност е за 5,7 отсто пониска во однос на април претходната година.

Од издадените одобренија за градење, 149 или 63,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, 24 или 10,3 отсто за објекти од нискоградба и 60 или 25,8 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 233 објекти, на 117 или 50,2 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 116  или 49,8 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 55 104 метри квадратни

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk