logo
logo
logo

Надминавме 3.000 починати и ближиме 100.000 заразени досега - ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Vecer | 17.02.2021

Надминавме 3.000 починати и ближиме 100.000 заразени досега - ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Во претходното деноноќие, од направени 2275 тестирања регистрирани се 358 нови случаи на коронавирусот, пет починати и 341 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 489.991 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152.

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 608 пациенти со Ковид-19. Во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 352 пациенти, а во Скопје 257.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти. На ГАК е хоспитализирана една пациентка. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во Скопје има околу 90 слободни места во болниците.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 42589, активни 2767

Куманово 5386, активни 237

Тетово 5283, активни 213

Прилеп 4883, активни 332

Гостивар 3705, активни 113

Штип 3571, активни 79

Битола 3326, активни 124

Велес 3300, активни 235

Охрид 3048, активни 367

Кавадарци 2974, активни 415

Струмица 2630, активни 146

Струга 2324, активни 162

Кочани 1773, активни 48

Кичево 1751, активни 66

Свети Николе 1100, активни 25

Гевгелија 1078, активни 96

Неготино 1048, активни 88

Дебар 778, активни 35

Ресен 779, активни 62

Крива Паланка 766, активни 43

Радовиш 741, активни 45

Делчево 702, активни 215

Берово 624, активни 30

Пробиштип 523, активни 19

Виница 504, активни 22

Валандово 341, активни 14

Демир Хисар 256, активни 11

Кратово 252, активни 25

Македонски Брод 251, активни 10

Крушево 240, активни 44

Богданци 233, активни 10

Демир Капија 227, активни 34

Македонска Каменица 192, активни 4

Пехчево 183, активни 3

Дојран 95, активни 13

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk