logo
logo
logo

Над 94.000 заразени од коронавирус досега - ОВА Е МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА ПО ГРАДОВИ

Vecer | 06.02.2021

Над 94.000 заразени од коронавирус досега - ОВА Е МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА ПО ГРАДОВИ

Додека Македонија ги чека вакцините бројот на заразени на дневна основа останува над 300 или повеќе од 10 проценти од тестираните лица.

На инфективните оддели во болницитре низ земјава се лекуваат 583 пациенти позитивни или суспектни на коронавирусот. Од нив 249 се во болниците во Скопје. Во ковид – центрите во државата има околу 520 празни болнички кревети.

Во очекување на вакцините и масовната имунизација на населението, надлежните и натаму апелираат да се почитуваат пропишаните мерки и протоколи со цел справување со Ковид-19.

Во светот, од коронавирусот досега се заразиле над 105,6 милиони луѓе, оздравеле 77,4, а починале 2,3 милиони.

Вакцина против Ковид-19, од почетокот на вакцинацијата примиле околу 120 милиони луѓе, најмногу во САД 35,2 милиони, Велика Британија 11, Кина 29,7 и Израел 5,4 милиони

Според последниот биланс што го објави вчера Министерството за здравство, и од новозаразените 314, над половината 179 се во главниот град, а само по еден е евидентиран во Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Дојран.

Од направените 2161 тестирања во претходното денононоќие, процентот на позитивни е 14,53. Оздравеле 210, а битката со Ковид-19 за загубиле уште осум лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.196, бројката на оздравени пациенти е 83.634, на починати е 2.908, а бројот на активни случаи изнесува 7.654.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градовиЗаболени (вкупно)Активни случаи (вкупно)
Скопје411563872
Куманово5249306
Тетово5172297
Прилеп4612155
Гостивар3649187
Штип351992
Битола3249138
Велес3167252
Охрид2882419
Кавадарци2722368
Струмица2557218
Струга2256196
Кочани174160
Кичево1732111
Свети Николе108735
Гевгелија1027111
Неготино98785
Дебар76878
Ресен74790
Крива Паланка73537
Радовиш72654
Делчево657210
Берово60237
Пробиштип51128
Виница49930
Валандово3267
Демир Хисар25111
Македонски Брод24611
Кратово23623
Богданци22617
Демир Капија22452
Крушево21835
Македонска Каменица19117
Пехчево1837
Дојран868

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk