logo
logo
logo

Опозицијата бара одложување, власта попиша досега над 45.000 дијаспорци

Vecer | 10.03.2021

Опозицијата бара одложување, власта попиша досега над 45.000 дијаспорци

Пописот за дијаспората започна уште од 1 март, а како што беше соопштено до денеска попишани се 45 755 граѓани преку онлајн апликацијата на Државниот завод за статистика.

Како што е наведено на веб страницата,овој податок  е заклучно до 9 часот денеска.

Преку онлајн апликацијата се попишуваат иселениците и вработените во дипломатско-конзуларните претставништа.Попишувањето во земјава ќе почне на 1 април и ќе трае до 21 април.

Пописот во земјава се прави по цели 19 години. ВМРО-ДПМНЕ побара негово одложување и поднесе 100.000 потписи до Собранието за поништување на законот за попис, додека Левица соопшти дека ќе повика на бојкот доколку тој не се одложи.

Според премиерот Зоран Заев, пописот е потребен и нема негово одложувањ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk