Над 1000 учесници на јубилејниот Копаоник бизнис форум

Во недела ќе започне јубилејниот 25-ти по ред „Копаоник бизнис форум“, кој ќе се одржи од 4 до 7 март на Копаоник.

Досега присуството на форумот го потврдија преку 1000 учесници и со самото тоа ќе има рекорден број учесници и панелисти. За првпат форумот ќе трае 4 денови, ќе бидат одржани 22 панели, 3 пленарни сесии, 6 специјални настани, а ќе бидат организирани и 3 специјални обраќања до присутните.

Присуството на форумот го потврдија претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Владата, Ана Брнабиќ, поголемиот број министри во Владата на Република Србија, гувернерот на Народна банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, најзначајните стопанственици од банкарскиот и осигурителниот сектор, како и претставници од секторите туризам, енергетика, земјоделство, фармацефтската индустрија, јавните претпријатија, локалната самоуправа, меѓународните финансиски организации (EBRD, EIB, IFC, WB, MMF), претседателот на Фискалниот совет, како и многу домашни и странски економски теоретичари и претставници на медиумите.

Тема на годинашниот форум е „Што по фискална консолидација: Како да се претвори фискалната стабилност преку мерки на економска политика во одржлив раст и развој?“

Во рамките на неколкуте денови колку што се одржува форумот ќе се претстават преку 120-тина говорници на различни теми врзани со бизнис сферата, меѓу кои и мнозинскиот сопственик на М6 Инвесмент груп и претседател на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Тој ќе биде говорник вториот ден од форумот во рамките на Панел 3 на тема „Западен Балкан – предизвици: Регионална економска област“.

„Организацијата на јубилениот 25ти по ред Копаоник бизнис форум претставува додатна одговорност, во поглед на долготрајноста и значењето на самиот настан. За првпат организираме погабаритна програма, која ќе се одвива во текот на 4 денови, а последниот ден свое излагање ќе има и српската премиерка Ана Брнабиќ. Целта на овој долгогодишен форум е да се изгради платформа за аргументирана, конструктивна расправа и критична анализа за се она што е досега сработено, како и концептуално дефинирање на одржлива економска политика„ вели Алекандар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија и претседател на програмскиот одбор на КБФ.

Програмскиот одбор на форумот предвиде дискусии во рамките на различни области како Иницијатива – Дигитална Србија и Улогата на жената во промените на бизнис светот, Опсегот на фискалната консолидација и досегашните структурни реформи, програма за реализација на реформи: развој на инсфраструктура, реструктуирање на јавниот сектор, образование и наука, креативна економија, иновација и стратешки раст, одржлив и инклузивен развој: Луѓето во фокусот – реформа на системот за здравственото образование.

Во текот на 4те денови ќе учествуваат високи државни функционери и влијателни бизнис лидери.  Меѓу останатите, учество ќе земат и Линда Ван Гелдер, регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, како и Питер Санфи, заменик директор за економија и политика за земјите при Европска банка за обнова и развој. Првпат на форумот ќе земе учество и Пол Томсен, директор на канцеларијата МMF за Европа и Шарлот Рух, директор на EBRD за Централна и Источна Европа.

Копаоник бизнис форумот во партерство со Mastercard, традиционално е во организација на Сојузот на економисти на Србија и Здружението на корпоративни директори на Србија и е под покровителство на Владата на Република Србија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари