logo
logo
logo

НАЦЕВ: Припадниците на АРМ се нашите херои и чувари на татковината и не заслужуваат потценувачки однос од раководството на МО

Vecer | 08.03.2021

НАЦЕВ: Припадниците на АРМ се нашите херои и чувари на татковината и не заслужуваат потценувачки однос од раководството на МО

Припадниците на АРМ (поранешни, сегашни и идни) се нашите херои и чувари на Татковината, и не заслужуваат ваков потценувачки однос од страна на министерството кое треба да се бори за нив, а не да ги лаже и манипулира.

Ова се истакнува во објавата на универзитетскиот професор од областа на безбедноста, Александар Нацев, со поддршка за поранешните припадници на Армијата на Република Македонија кои беа

изманипулирани од страна на раководните лица на Министерството за одбрана.

-Поддршка за поранешните припадници на Армијата на Република Македонија кои јавно на прес конференција обвинија дека се изманипулирани од страна на раководните лица на Министерството за одбрана, и објавија дека иако им било ветено прераспределување во други институции со повисока плата и бенефиции, тие сепак останале на недостоинствени позиции со минимална плата. Припадниците на АРМ (пранешни, сегашни и идни) се нашите херои и чувари на Татковината, и не заслужуваат ваков потценувачки однос од страна на Министерството кое треба да се бори за нив, а не да ги лаже и манипулира, објави Нацев на Фејсбук.

Како што објавивме, вчера на прес-конференција поранешни војници со наполнети 45 години обвинуваја дека се изманипулирани од страна на Министерството за одбрана, и дека иако им било ветено прераспределување во други институции со повисока плата и бенефиции, тие, како што тврдат, останале на недостоинствени позиции со минимална плата.

Тие истакнаа дека доколку не се реши во најбрзо време нивниот статус, ќе бидат приморани да излезат на протести.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk