logo
logo
logo

Николоски: НА ЗАЕВ МУ СЕ ИСПУШТИЈА КОНЦИТЕ ОД РАЦЕ

Vecer | 26.02.2021

Николоски: НА ЗАЕВ МУ СЕ ИСПУШТИЈА КОНЦИТЕ ОД РАЦЕ

Една силна реакција доведе до тоа малку да му избегаат на Заев работите од контрола, односно да му избегаат конците од контрола и да не може целосно да го реализира она што го договарал и преговарал, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во вечерашното интервју во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа

Според Николоски судската пресуда за Мијалков е одлука која што не е по целосен притисок на Заоран Заев туку е повеќе  под позитивен притисок на јавноста,

Тој истакна дека жали за пресудата на другите лица во овој предмет, бидејќи биле злоупотребени и биле колатерална штета.

- Жал ми е што поради би рекол злоупотребите на бегалецот од правдата, уште неколку луѓе се колатерална штета и навистина ми е жал за нив и за пресудите кои што ги добија денес и мислам дека не заслужено се таму и навистина се колатерална штета. Но, во однос на првоосомничениот правдата треба да дојде, сега ова е само прва фаза и ќе видиме дали системот ќе успее да се избори против притисоците на Зоран Заев, а доколку во меѓувреме се смени мисли, а мислам дека ќе се смени тогаш системот ќе биде оставен да работи самостојни и нема да има притисоци од владата н ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk