logo
logo
logo

На „Табановце“ за излез од земјава се чека 90 минути, на „Пелинце“ еден час

Vecer | 10.08.2022

На „Табановце“ за излез од земјава се чека 90 минути, на „Пелинце“ еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини попладнево е зголемен. На ГП „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 90 минути. На „Пелинце“ за излез се чека од 45 до 60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk