logo
logo
logo

На скопскиот малолетник кој ги испраќал дојавите за бомби му се закануваат осум години затвор

Vecer | 06.12.2022

На скопскиот малолетник кој ги испраќал дојавите за бомби му се закануваат осум години затвор

Инспириран од дојавите за бомби во училиштата, и ученик од скопски Карпош испратил заканувачки пораки за поставени експлозиви во четири скопски училишта.Оваа негова инспирација може да го чини осум години во затвор. МВР му поднесе кривична пријава за тероризам, казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата на територијата на град Скопје, во перод од 26.10.2022 до 02.11.2022 година, на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 04.11.2022, од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адреса на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта. На 07.11.2022 во ПСОН Карпош, во присуство на родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го призна и го појасни начинот на извршување на кривичното дело.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk