logo
logo
logo

Арсовска

„На скопјани им е доста од празните ветувања на Шилегов, ДОАЃААТ ПРОМЕНИ“

Vecer | 15.10.2021

„На скопјани им е доста од празните ветувања на Шилегов, ДОАЃААТ ПРОМЕНИ“

Верувам дека на овие избори скопјани ќе изберат промена, ќе изберат да живеат во едно убаво Скопје кое што треба да биде град на среќни луѓе и каде што условите секаде ќе бидат подеднакви и каде што навистина ќе можеме да кажеме дека живеат во модерна европска метропола, вели кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Арсовска истакна дека на граѓаните им е преку глава од политичари кои што само ветуваат а ништо не реализираат, посочувајќи му на сегашниот градоначалник Петре Шилегов дека завршен проект не значи проект кој што е се уште во тек, туку како што рече таа,  за еден проект да се смета за реализиран тоа значи да се направи план, да се заврши документацијата, како и да се отпочне и заврши неговата реализација.

-Сметам дека на сите граѓани, а ни нас скопјани ни е преку глава од политичари, верувам дека луѓето се свесни дека од празни ветувања немаме ништо во изминатите четири години. Имаме реализација не нешто кое што 2017та-2021та година е во тек, притоа кога ќе кажете во тек тоа не значи дека сте го реализирале, тоа значи нешто сакате да прикажете на луѓето дека сте отпочнале, рече таа.

Арсовска истакна дека Шилегов не ги завршил проектите од својата програма од 2017тата година, меѓу кои сообраќајните проекти на Јаја Паша, Мавровка, монтажните паркинзи Чаирчанка и Џон Кенеди, пробивањето на Илинденска, за Љубљанска мостот преку Вардар, кружниот тек на влезот на Скопје кај Сарај, како и булеварот Хрватска.

-Дел од решенијата кои што јас ги видов од вашата програма, Никола Карев, Босна и Херцеговина, Христијан Тодоровски Карпош го нема во вашата програма а сте го реализирале, значи вие реализирате туѓ проект, за АСНОМ исто го нема во вашата програма, значи вие реализирате туѓ проект, а своите проекти не ги реализирате. Не ги реализиравте сообраќајните проекти на Јаја Паша, Мавровка, монтажните паркинзи Чаирчанка и Џон Кенеди, пробивањето на Илинденска, за Љубљанска мостот преку Вардар, кружниот тек на влезот на Скопје кај Сарај, Хрватска, каде ви е Хрватска. Значи сообраќајните решенија не се само за да стојат на хартија и не ви држи тоа кое што се обидувате да го презентирате во јавноста дека не знам никој во градот не знае што значи реализиран проект, тоа значи дека треба да го отпочнете, треба да направите план, да ја завршите документацијата и треба да го отпочнете и завршите реализацијата, рече Арсовска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk