logo
logo
logo

На што ќе ги трошат ПАРИТЕ ОД НАРОДНАТА ОБВРЗНИЦА, КАДЕ ИМ СЕ ПРОЕКТИТЕ?

Vecer | 26.05.2023

На што ќе ги трошат ПАРИТЕ ОД НАРОДНАТА ОБВРЗНИЦА, КАДЕ ИМ СЕ ПРОЕКТИТЕ?

Власта треба да размисли што ќе се случи доколку ВМРО-ДПМНЕ се однесува како што се однесуваше СДСМ во 2016 кога испраќаше писма, дописи до финансиски меѓународни организации и тоа го реплицира на македонско ниво на територијата на Македонија и ги повика граѓаните да не бидат дел од криминалниот процес кој што потоа треба да биде злоупотребен за да се врши притисок на истите тие граѓани на следните избори.

Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што премиерот вели дека ќе се издаде народна обврзница, при денешната посета во Кисела Вода.

- Па тоа повеќе делува на препишувач. Бидејќи сега тие видоа со општинските обврзници кои што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата почнаа да обезбедуваат дополнителни средства за реализација на капитални проекти и градоначалниците јасно ги ставаат на увид тие капитални проекти кои се, а премиерот и владата спомнуваат народни обврзници, рече тој.

Додаде дека повторно прават грешка бидејќи не се консултираат со опозицијата.

-  Повторно прават грешка, затоа што ние пред да почнеме со процесот со општински обврзници ги поминавме во советот на општините. Значи и опозицијата на локално ниво беше запознаена. Сега тие не се консултираат со ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија што ќе се случи, поставувам јавно прашање ако ВМРО-ДПМНЕ се однесува како што се однесуваше СДСМ во 2016 кога испраќаше писма, дописи до финансиски меѓународни организации и ние тоа го реплицираме на македонско ниво на територијата на Македонија и ги повикаме граѓаните да не бидат дел од криминалниот процес кој што потоа треба да биде злоупотребен за да се врши притисок на истите тие граѓани на следните избори, изјави Мицкоски.

Мицкоски прашува што ќе се случи ако упати еден таков повик до граѓаните?

- Еве нека размислат, пред да прават чекор треба да размислат, затоа што не се консултирале со ВМРО-ДПМНЕ, не го прашале ВМРО-ДПМНЕ за став затоа што ако го прашаа ВМРО-ДПМНЕ ќе кажеше добро, за што ви се парите, кажете ги проектите, ние за општинските обврзници еве ги проектите ги ставаме на увид на јавноста. Во Штип ќе се прави обиколница, ќе се прави градинка, и тн, во Гази Баба ќе се прават две училишта, две градинки, водовод, канализација, еве ги проектите. Ајде да видиме тие за што ќе ги користат парите. За проектот кој што го прогласија за епски а во суштина епски криминал, за да можат авансно да исплатат за да земат авансни провизии, еве нека размислат што прават, нема да зборувам повеќе, можеби во периодот кој што следи ќе одиме и чекор понатаму ако не се вразумат, нагласи Мицкоски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk