Милошоски
„На премиерот му е незгодно да каже кои општини добиле европско признание бидејќи од 8 од 9 се опозициски“ (ФОТО)

Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) додели Европска ознака за извонредност на девет општини од Македонија . Тоа се Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип кои ја добија Европската ознака за извонредност на управувањето.
Што значи седум општини се со градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, една има независен кандидат и една е управувана од градоначалник на СДСМ.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски поставил писмено пратеничко прашање до премиерот Димитар Ковачевски дали е информиран кои општини ја добиле наградата. Но Ковачевски кој зборува дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо не работеле, веројатно за да не си ги побие своите зборови и не сакајќи да одговори кои се тоа општини одговорил само со Да.
„Она кога ради “завидлизам” на премиерот му е незгодно да ги наведе општините кои добиле европско признание за добро управување, бидејќи од 9 општини, во 8 се опозиционери: Битола, Виница, Радовиш, Аеродром, Неготино, Новаци и Штип (ВМРО), Берово (СДСМ) и Куманово (независен)“, напиша Милошоски.