logo
logo
logo

Милошоски

„На Османи поважна му беше Теута, отколку да бара пријатели да ни помогнат со Бугарија“

Vecer | 19.05.2022

„На Османи поважна му беше Теута, отколку да бара пријатели да ни помогнат со Бугарија“

„Мислам дека и во минатото имало обиди на други земји членки, еве конкретно на Грција кога се носеле резолуции за Македонија во Европскиот Парламент да се наметне нивното барање во тие резолуции на ЕП. Но, ЕП секогаш бил иако можеби најмалку одлучувачки во носењето на битни стратешки потези секогаш бил најпријателски расположен кон земјите кандидати вклучително и кон Македонија. И ЕП не дозволувал дополнителни условувања особено не со билатерални прашања“, потсети Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на 24 телевизија.

Милошоски додаде дека ова што сега се случува со Македонија и Бугарија, се случува за првпат. А, тоа значи дека ваквиот исход на резолуцијата во ЕП може да се објасни со две работи. Прво, намалено расположение кај самите земји – членки за проширувањето. И второ, намалена активност на македонската дипломатија и на МНР.

„Јас можам да посведочам дека ние и како пратеници претходно во било кој претходен состав но и како дипломатија секогаш кога се подготвувале резолуции тоа не е резолуција од денес за утр, тоа е резолуција која што се подготвува неколку месеци. И на дипломатијата е да ги најде своите пријатели помеѓу пратениците, кај различни пратенички групи во ЕП и да гледа резолуцијата да биде што поповолна и да нема вакви неповолни условувања како во оваа резолуција. И сметам дека тоа потфрлање на активноста на министерот Бујар Османи, на којшто му беше побитно да номинира за амбасадор во Брисел, својата колешка сопартијка, која што за жал доживеавме за првпат од ЕУ да имаме и одбивање и неприфаќање на една номинација на госпоѓата Теута Арифи, наместо да ја посвети енергијата на наоѓање на повеќе пријатели во ЕП, пратеници кои што би се заложиле ваквите еднострани би рекол барања на Бугарија да не бидат дел оваа резолуција“, рече Милошоски.

Милошоски рече дека ако продолжи ваквиот притисок од страна на Бугарија и од друга страна сервилноста на македонската дипломатија тогаш тоа може резултира и со исход капитулација на преговарачката рамка.

„Ние предупредувавме уште во јули 2017-та година кога се потпишуваше договорот за добрососедство со соседна Република Бугарија. Имавме и затворена седница на Комисијата за надворешни прашања на која што учествуваше тогашниот премиер и преставници од МНР и рековме дека не треба да се брза со потпишувањето на тој договор бидејќи самиот во себе содржи многу неквалитетни формулации на штета на Македонија“, истакна Милошоски.

Милошоски укажа дека формулациите од договорот за добрососедство денес се злоупотребуваат

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk