logo
logo
logo

Јанушев:

На опозицијата и скратија право да зборува на итерпелација за министер вмешан во афери

Vecer | 27.04.2021

На опозицијата и скратија право да зборува на итерпелација за министер вмешан во афери

Не се случило да и се ускрати правото на опозицијата да говори на интерпелација и тоа за министер вмешан во сите афери од пасоши, матични, броеви, наркокартели. Тоа е надвор од секој здрав разум, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев за „Неделен брифинг“ на Инфомакс, за тоа што на опозицијата не и беше дозволено да деатира за интерпелацијата на министерот Спасовсски.

Тој вели дека изминатиов период бевме сведоци на повеќе преседани и дека со доаѓањето на корона позитивни пратеници за да се гласа во Собранието само ја ставија во опасност околината и сите во Собранието.

Според Јанушев изненадување е однесувањето на спикерот Талат Џафери кој на некој начин до сега наоѓал начин да ги балансира работите.

„Ова што сега го прави е само чин на огромна нервоза и нетрпеливост, кои се причините може само да шпекулираме дали има проблеми во коалицијата или некои други, времето ќе покаже“, рече Јанушев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk