Денеска е меѓународниот ден на медицинските сестри и по овој повод министерот за здравство Венко Филипче се сретна со медицинските сестри вработени на КИБФС во Скопје, при што ја искажа својата благодарност за целокупниот нивен придонес во текот на пандемијата, известува министерството за здравство.

„Вашата улога во справувањето со оваа пандемија е од големо значење за сите нас, а сето ова ја истакна важноста на работата која секојдневно ја извршувате. Вие не сте само промотери на здравјето, туку сте и заштитници, чие знаење и пожртвуваност секојдневно спасува безброј животи“, истакна министерот Филипче.

Според него, есенцијалноста и придонесот кон справувањето со целокупната пандемија ја потенцираа клучната улога на медицинските сестри во здравствениот систем. Во изминатиот период како никогаш досега се подобрени условите за работа на медицинските сестри и на целокупниот здравствен персонал.

Зголемувањето на платите на медицинските сестри беше неколкукратно, започнувајќи од 2018 година па се до денес. Во мај 2018 реализирано е зголемување на износот на додатокот за работа ноќе од 29 % на 50 %, зголемување на износот на додатокот за работа ноќе од 29 % на 50 %. Во февруари 2019 година реализирано е зголемување од 5% на платите за: средно медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование; (освен: ГОБ 8-ми Септември, ПЕТ Центар и УК за хир.бол. Св.Наум – 8%), зголемување од 8% за средно медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование.

Во јануари 2020 година реализирано е зголемување од 10% за средно медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование, информираат од министерството за здравство.

makfax.com.mk