logo
logo
logo

На картичките за српските туристи ќе има по 760 денари

Vecer | 26.05.2021

На картичките за српските туристи ќе има по 760 денари


На картичките за бесплатна патарина за српските туристи ќе има по 760 денари колку што чини транзитот по Коридорот 10 низ Северна Македонија, изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

На новинарско прашање за пресметките за бројот на картички, Арсовски посочи дека тие се направени преку анализи на поминати возила во претходните години ако се земе предвид фактот дека минатата година, поради пандемијата, границите речиси беа цело време затворени.

„Споредбата е направена од 2019 година, во која имаше рекорден приход од наплата на патарина и во која транзитираа речиси рекордни бројки на возила со туристи, така што во однос на бројката оттаму е извлечена таа анализа и е дојдено до оваа бројка од 200.000 картички. Во однос на изработката, за тоа е задолжено Јавното претпријатие за државни патишта“, нагласи Арсовски.

Картичките ќе бидат електронски, а се наменети за туристите од Србија шот би транзитирале на Коридорот 10 преку граничниот премин Табановце за време на летната сезона во периодот од 15.6.2021 до 15.8.2021 година.

За набавката на картичките ќе бидат издвоени 172.000.000 денари. Владата информира дека кога ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, ќе бидат вратени во државниот буџет.

Бесплатната патарина за српските државјани е во знак на благодарност за вакцините против коронавирусот што Србија ѝ ги донира на Македонија.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk