logo
logo
logo

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 999 пациенти, слободни кревети има

Vecer | 15.04.2021

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 999 пациенти, слободни кревети има


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 138 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент.

На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 94 болни, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 123 во ковид центарот во Гостивар 46, а во Струга 25 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 98 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 31, Кавадарци 61, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1687 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите, велат од министерството.

Информираат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk