logo
logo
logo

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 344 лица, затворени дел од ковид центрите

Vecer | 14.05.2021

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 344 лица, затворени дел од ковид центрите


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 344 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според Министерството за здравство во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 48 болни, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 27, во ковид центарот во Гостивар 10, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациент, во Кочани 15 во Кичево 5, Кавадарци 16, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 586 и има околу 860 празни болнички кревети во ковид центрите,стои во писменото соопштение на министерството за здравство.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, велат од таму.

Објаснуват дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се додава во соопштението.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk