Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 170 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Според министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 32 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар 2, а во Струга 9 болен.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 298 и има околу 570 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти, известуваат од ресорното министерство.
Додаваат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички  места до кои има довод на кислород, велат од таму.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

makfax.com.mk