logo
logo
logo

„РЕПУБЛИКА“ НА ТЕРЕН

На автопатот до Охрид НИТУ РАБОТА НИТУ РАБОТНИЦИ!

Vecer | 25.05.2021

На автопатот до Охрид НИТУ РАБОТА НИТУ РАБОТНИЦИ!

Екипата на „Република“ илезе на терен за да провери дали најавите на владата дека ќе се интензивира изградбата на автопатот Кичево-Охрид почнаа да се реализираат. Ама едно е на муабет, а друго на терен.

А таму се стои во место. Нема работници, по некоја машина „дреме“ на горештината и толку.

Од излез на Ботун до влез во Издеглавје ни трага ни глас од 700- те работници кои треба  го градат автопатот Кичево-Охрид. Слична е сликата и низ останатиот реон на Дебарца. Ниту има кран ниту се става асфалт, а пак за спојување на мостови и да не говориме.

Со вакво темпо автопатот нема да биде завршен до 2034, а не до почетокот на 2024 како што гласи новиот рок на Владата.

Да потсетиме се работи за 60 километри автопат, започнат од претходната власт кој веќе требаше да биде готов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk