logo
logo
logo

МЗ: Уште еден безуспешен обид на Мицкоски да го компромитира процесот на набавка на вакцини

Vecer | 05.05.2021

МЗ: Уште еден безуспешен обид на Мицкоски да го компромитира процесот на набавка на вакцини


Исплатите кои Министерство за здравство ги врши се транспарентни и објавени на страницата на отворени финансии. Toa што Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска, го споделил пред медиумите, претставувајќи го како афера, или документ до кој дошол, е достапен податок на секој граѓанин кој би ја отворил страницата на open.finance.gov.mk

„ Министерството за здравство уште од самиот почеток за време на водење на преговорите, набавката и текот на испорака на вакцините, транспаренто ги информира граѓаните за целиот процес. За законитоста на целиот процес, говори самиот факт што договорите, како и плаќањата на сите набавени вакцини поминуваат на затворена седница на Влада. Ова доволно кажува колку процесот за купување вакцини е законски, без никакви недоследности или пак провизии кои ги измислува ВМРО ДПМНЕ. Колку за потсетување на јавноста, ВМРО ДПМНЕ во март пласираше фалсификуван документ, тврдејќи дека Министерството за здравство на 21 јануари, платило 12,5 милиони евра за набавка на вакцини, а денеска со документ испринтан од сајтот на отворени финасии каде се сите исплати на МЗ тврди дека Министерството во февруари, платило 7,8 милиони евра за вакцини. Многу непрецизно за еден прецизен математичар како што милува да каже за себе претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски“ соопшти Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека многу пати досега информирале дека клучен сегмент од договорите за набавка на вакцините против Ковид 19 е тоа што секоја држава па и нашата се обврзува на доверливост на склучените договори и примените информации. Сумите за набавка на вакцините против Ковид 19 се деловна тајна на производителите и нашата земја се обврзува да го почитува тоа, бидејќи во спротивно нема да бидеме во можност да купиме вакцини, наведуваат од министерството.

„ Убедени сме дека манипулативните политики на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ имаат една единствена цел да фрлат дамка на еден транспарентен процес и се обидуваат да наштетат на процесот на имунизација. Партијата на Мицкоски во серијата измислици и за вакцините набавени преку Ковакс механизмот ги лажеа граѓаните дека биле донации. Темите за пресконференции на ВМРО ДПМНЕ се повеќе се трошат. Жалиме што ВМРО ДПМНЕ не се радува што во нашата земја непречено се одвива процесот на имунизација. Жалиме што на Мицкоски и неговата ВМРО ДПМНЕ им сметаат насемани лица на граѓани задоволни од третманот од здравствените работници во вакциналните пунктови. Вчера во нашата земја стигна нова пратка вакцини купени во директни преговори со производителот Фајзер, секој нареден понеделник ќе стигнува нова пратка. Минатата недела во земјава стигнаа 200.000 вакцини од производителот Синофарм кои МЗ ги купи со директни преговори. Тоа се фактите, тоа не се измислени фалсификувани афери, тоа што го работи МЗ, се гледа и граѓаните го чувствуваат тоа“ појаснуваат од министерството.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk