logo
logo
logo

МЗ: 78 отсто од починатите од ковид-19 не биле вакцинирани

Vecer | 14.01.2022

МЗ: 78 отсто од починатите од ковид-19 не биле вакцинирани

Во периодот од 6 август лани до 13 јануари на територија на државата позитивни на ковид-19 биле 85.593 граѓани, а од нив 37% односно 32.079 лица биле целосно вакцинирани, соопшти Министерството за здравство. Според анализата на Министерството, невакцинирани биле останатите 53.514 граѓани. Во болниците низ државата моментално се хоспитализирани 340 лица, a од нив 19% се вакцинирани, а 81% не се вакцинирани. „Изминативе неколку недели, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден“, наведено е во соопштението од Министерството. Што се однесува до смртноста, во истиот период 78 отсто од починатите не биле вакцинирани, а 22 проценти имале примено вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас. Од Министерството за здравство повторно укажуваат на важноста на вакцинацијата и апелираат граѓаните да се вакцинираат, зашто само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на вирусот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk