МВР СО ДЕТАЛИ: Вака се случило убиството во Мала Речица

Убиство во кое сопруг си ја убил сопругата го потресе тетовски регион.

МВР официјално излезе со детали за убиството кое се случило во Мала Речица.

Имено, А.К.(53) синоќа околу 22.35 часот на улица „Љуботенска" во село Мала Речица со пиштол пукал во неговата сопруга Х.К.(52), по што таа починала.

Подоцна, како што соопштуваат од МВР, А.К. пукал и во возило „Голф" со тетовски регистарски ознаки, во кое бил сопственикот Р.Џ.(50), а кое било паркирано на улица „179" во Мала Речица, но не го повредил.

А.К. потоа се пуштил во бегство со своето возило. По увидот на местото се најдени подигнати по две чаури калибар 7,62 мм. а телото на починатата било предадено на обдукција.

Поврзани

Најнови вести

Коментари