logo
logo
logo

МВР: Рашковски има дозвола од судот да го напушта домот

Vecer | 16.09.2021

МВР: Рашковски има дозвола од судот да го напушта домот

Од МВР за „Фокус“ појаснуваат дека Рашковски во одредени периоди го напуштил домот со дозвола на судот.

-Д.Р. има дозвола од Основниот кривичен суд Скопје 1 со која поради здравствени потреби му се дозволува да се оддалечи од домот за да оди во точен период од денот да ја добие здравствената услуга. Дозволата е за точно определени денови. Во останатиот период од денот (освен периодот од неколку часа, кој му е дозволен од судот) Д.Р. ја почитува мерката. Конкретно денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Д.Р. ја почитувал мерката која му е изречена, ни одговорија од МВР.

Вчера, неколку медиуми објавија фотографии од Рашковски, на кои се гледа како без полициска придружба оди по улица во населбата Аеродром.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk