logo
logo
logo

МВР: Не ги доведуваме граѓаните во заблуда, за денеска беше најавен протест за „Монструм“

Vecer | 26.03.2021

МВР: Не ги доведуваме граѓаните во заблуда, за денеска беше најавен протест за „Монструм“

Mинистерството за внатрешни работи ја демантира, како што се вели, лажната објава на социјалните мрежи од лицето Блерим Ахмеди, дека наводно МВР сакало да го доведе населението во заблуда со објавата за најавениот протест, за денеска во 13:30 часот, а во врска со пресудите во случајот „Монструм“.

„Овој протест беше најавен токму од лицето Блерим Ахмеди и МВР ги презеде сите неопходни мерки и активности за обезбедување на протестот, а соодветно и ја информиравме јавноста“, се наведува во соопштението на министерството.

Како што претходно објави „Макфакс“, еден од роднините на осудените за случајот „Монструм“, Бедри Ајдари, кој е еден од организаторите на протестите што требаше да се случат денеска, исто така изјави дека се работи за недоразбирање.

Како што кажа тој, протест ќе се одржи идниот петок, на 2 април.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk