logo
logo
logo

МВР на самиот 4 февруари ќе одлучува дали ќе забрани влез за Џамбаски

Vecer | 25.01.2023

МВР на самиот 4 февруари ќе одлучува дали ќе забрани влез за Џамбаски

Министерството за внатрешни работи на самиот ден - на 4 феврураи ќе одлучува дали ќе му забрани на европратеникот Ангел Џамбаски влез во Македонија, по најавата дека радикални групи од Бугарија ќе ја одбележуваат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Скопје. Ова министерот за внматрешни работи Оливер Спасовски го даде како одговор на новинарско прашање дали бугарскиот политичар ќе биде вратен назад ако се појави на границата за да присуствува на одбележувањето на настанот.
- Ќе одлучиме на 4 февруари, нагласи Спасовски, кој дополни само дела врвен приоритет ќе биде да се сочува, мирот, стабилноста и јавниот ред.
Инаку Владата на вчерашната седница не донесе одлука за забрана за влез на Џамбаски во Македонија по претходна препорака на Советот за безбедност.
- Знаеме дека имаме радикални структури кои заради некакви лични, политички и секакви други интереси, сакаатда се нарушува тој процес на стабилизација на односите од една страна. Од друга страна заради тоа што никако несмееме да дозволиме да се наруши и безбедноста на нашите граѓани, изјави министерот за внатрешни работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk