МВР контра Мицкоски: Полициските акции не се политички мотивирани

Министерството за внатрешни работи ги демантира ,,дезинформациите изнесени од страна на Христијан Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук за наводни упади во домови на активисти на ВМРО-ДПМНЕ поради, како што вели, нивното незадоволство од она што се случува во државата”.

,,Полицијата, по смената на раководството во 2017 година, работи професионално и само и исклучиво врз основа на законите. Согласно законските надлежности се преземаат различни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви, туку исклучиво за санкционирање на одредено криминално делување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. На тој начин полицијата ќе продолжи да работи и во наредниот период, се со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно”, се вели во реакцијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека минатата недела полицијата влегла во домовите на повеќе активисти и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Тој на „Фејсбук“ напиша дека луѓето кај кои влегле специјалците со оружје биле чесни луѓе, кои отворено ја критикувале власта.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари