МВР: Демонстрантите употребија распрскувачки средства, приведени 25 лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребиле распрскувачки средства и насилно ја турнале заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието.

„Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата уопотреби солзавец“, се вели во соопштението на МВР.

Министерството додаде дека досега се приведени 25 лица по немирите.

Поротестите беа против Договорот за решавање на спорот за името, што утрово беше потпишан во Преспа.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари